Admir Fazlagic
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Тбилиси ја победи Грузија со 0:1, со што за прв прв пат во историјата се пласираше на Европско фудбалско првенство. По тој повод во Скопје со автомобили излегоа бројни граѓани кои го слават историскиот пласман на Европското првенство, јавува Агенција Анадолија (АА).
По завршувањето на вечерашниот фудбалски натпревар во кој победи Македонската фудбалска репрезентација, со што се пласираше на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2021 година, со своите автомобили и македонски знамиња, граѓаните низ скопските улици ја прославуваа победата.
Исто така, група граѓани се собраа и на плоштадот „Македонија" во центарот на Скопје.
Потсетуваме, стрелец на единствениот гол на вечерашниот натпревар беше македонскиот капитен Горан Пандев во 56-тата минута од натпреварот по прекрасна акција на Елиф Елмас и Илија Несторовоски.
Елмас ја започна акцијата од левата страна, по што додаде до Пандев во шестанесетерецот, кој врати до Елмас. Елмас го проигра Несторовски, а тој додаде до Пандев, кој го постигна погодокот.
До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет.
Поради пандемијата на новиот тип на коронавирус, Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2020) е одложено за 2021 година.
Македонската фудбалска репрезентација својот дебитантски настап на континенталниот турнири ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам.