Vesna Besiç
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска е забележан во подрачјето на Сплит, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат од службата за Сеизмологија на Република Хрватска, земјотресот се случил во 13.56 часот.
„Службата за сеизмологија на Република Хрватска денеска забележа силен земјотрес со епицентар во морскиот дел на Сплит. Магнитудата на земјотресот изнесуваше 4,6 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот била од VI степен според Меркалиевата скала“, се наведува на веб-страницата на службата за сеизмологија на Хрватска.
Според достапните информации, земјотресот се почуствувал на подрачјето од централна Далмација.