Балкан

Семејствата се збогуваа од најмилите во Поточари

- Пред колективниот погреб и закоп, кои ќе бидат извршени утре во склоп на одбележувањето на 25. годишнина од геноцидот во Сребреница, семејствата пристигнаа во Поточари во посета на гробиштата на претходно закопаните членови на семејствата

Vesna Besic  | 10.07.2020 - Обновена : 11.07.2020
Семејствата се збогуваа од најмилите во Поточари

ПОТОЧАРИ

Семејствата во салата на поранешната Фабрика за акумулатори во Поточари се збогуваа од своите најмили кои се убиени во геноцидот извршен на подрачјето на Сребреница, Заштитената зона на ОН во 1995 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мајки, сестри, сопруги, ќерќи, татковци и браќа во тишина во салата на поранешната Фабрика за акумулатори во комплексот на Меморијалниот центар „Сребреница - Поточари“ се збогуваа од своите најблиски по чии смртни останки трагаа изминатиот четврт век.

Пред колективниот погреб и закоп, кои ќе бидат извршени утре во склоп на одбележувањето на 25. годишнина од геноцидот во Сребреница, семејствата пристигнаа во Поточари каде се во посета на гробиштата на претходно закопаните членови од потесниот и поширокиот круг на семејството во Меморијалниот центар.

На 25. годишнина од геноцидот во Сребреница на гробиштата во Меморијалниот центар ќе бидат закопани девет жртви.

Салко Ибишевиќ е најмладата жртва која оваа година ќе биде закопана на гробиштата во Меморијалниот центар. Тој имаше само 23 години кога беше убиен. Неговите смртни останки се пронајдени во секундарната масовна гробница Липље, во општина Зворник 2001 година.

Најстарата жртва која ќе биде закопана е Хасан (Алије) Пезиќ од местото Пустоше кај Власеница. Тој имаше 70 години кога беше убиен, а исчезна во 1995 година на подрачјето Козлука. Неговото тело е ексхумирано од масовната гробница во Козлук во 1999 година.

Во Меморијалниот центар „Поточари“ оваа година ќе бидат погребани: Сеад (Хусо) Хасановиќ, роден во 1971 година во Кривача; Алија (Бекто) Суљиќ, роден во 1969 година во Познановиќи; Хасан (Алија) Пезиќ, роден во 1925 година во местото Пустоше; Хасиб (Шабан) Хасановиќ, роден во 1970 година во Слатина; Зухдија (Суљо) Авдагиќ, роден во 1947 година во Нова Касаба; Бајро (Рамо) Салиховиќ роден во 1943 година во Волјавица; Ибрахим (Хамид) Зукановиќ, роден во 1941 година; Салко (Ахмо) Ибишевиќ, роден во 1972 година во Љубовија и Кемал (Хусеин) Мусиќ, роден во 1968 година во Глогово.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın