Furkan Abdula
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 399 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 193.052, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 17 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.740.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.348 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 175.496.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 10.816.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.337 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања.