Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 126 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Во моментот во земјата активни се 3.557 случаи на Ковид-19

Husamedin Gina  | 30.06.2020 - Обновена : 01.07.2020
Северна Македонија: Регистрирани 126 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 126 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.334, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 302.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 2.475.

Во моментот активни се 3.557 случаи со Ковид-19.

Министерството за здравство исто така информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 60.773 тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.