Admir Fazlagic
06 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.128 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјава се искачи на 37.499, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството на здравство соопшти дека се починати 12 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 1.096.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 22.835. Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 13.568.
Досега во земјата се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид -19, а Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.082 .