Admir Fazlagic
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 162 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 18.138, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство потврди четири нови смртни случаи предизвикани од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 743.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројката на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 15.068.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 2.327.
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид - 19.