Ekipa
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 86 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 150.672, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 37 лицa, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.714.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 856 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 129.909.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 16.049.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 808 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања.