Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 31 лице, регистрирани сe 908 заразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.616 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања

Ekipa  | 16.04.2021 - Обновена : 17.04.2021
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 31 лице, регистрирани сe 908 заразени

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 908 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 145.909, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 31 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.388.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 732 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 121.439.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 20.082.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.616 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.