Furkan Abdula
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во текот на викендот аплицирани се над 5.500 дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, во земјата вкупно се аплицирани 1.675.793 дози на вакцини против овој вирус.
„Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се аплицирани како прва доза, 1.163 се ревакцинирани, а 2.061 граѓани примиле трета доза вакцина“, се вели во соопштението.
„Заклучно со 21 ноември вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани“, се наведува.
Се додава дека 57 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во земјата е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се додава во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.