Furkan Abdula
07 Октомври 2022•Ажурирај: 08 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 56 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 343.319, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 2 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.544.
Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 333.343.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 432.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 529 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања.