Husamedin Gina
28 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 48 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 305.114, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 2 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.208.
Институтот за јавно здравје регистрира 253 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 294.072.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.834.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.192 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања.