Балкан

Северна Македонија: Донесена одлука за прекин на натпреварувачката фудбалска сезона 2019/2020

„Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија“, се наведува во соопштението

Furkan Abdula  | 04.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Северна Македонија: Донесена одлука за прекин на натпреварувачката фудбалска сезона 2019/2020

СКОПЈЕ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за прекинување на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението објавено на интернет страницата на ФФМ, на вонредната седница на Управниот одбор на ФФМ одржана конференциски, имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, беа донесени неколку одлуки.

„Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија“, се наведува во ова соопштение.

„Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава, посебно во последните неколку денови и ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Ковид-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпрварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ“, се додава во соопштението.

Според ова соопштение, раководството на ФФМ оваа одлука им ја соопшти и на службите во УЕФА, потенцирајќи ја состојбата во Северна Македонија од здравствен аспект и неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалното продолжување на првенството, односно со ново настанатата ситуација не може да се гарантира дека продолжувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек.

„Од Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) истакнаа дека се исклучително горди на нашата „Куќа на фудбалот“ земајќи го во предвид фактот дека ФФМ и покрај сите предизвици во изминатиот период имаше за цел да направи обид и да ја примени најдобрата опција за продолжување на клупското натпреварувања од Прва МФЛ за да се овозможи правилно, по спортска заслуга, продолжување и завршување на домашното натпреварувања“, се нагласува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın