Furkan Abdula
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 524 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 316.219, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.335.
Институтот за јавно здравје регистрира 463 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 305.239.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.645.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.869 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања.