Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 3 дена евидентирани 180 нови случаи на Ковид-19

Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно 9.322.

Furkan Abdula  | 27.06.2022 - Обновена : 28.06.2022
Северна Македонија: Во последните 3 дена евидентирани 180 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 180 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 313.540, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.322.

Институтот за јавно здравје регистрира 153 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 303.648.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 570.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.880​​​​​​​ тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.