Furkan Abdula
22 Јули 2021•Ажурирај: 23 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 17 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.981, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие почина едно лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.489.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.251.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 241.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.896 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 941.178 тестирања