Elena Trenchevska Chekovic
23 Мај 2021•Ажурирај: 24 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 37 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 155.063, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 15 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.311.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 146.869.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 2.883.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 3.143 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања.