Husamedin Gina
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 318 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 300.714, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица, со дијагноза „Ковид-19“ од „Мој термин“ дополнително се пријавени 6 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.117.
Институтот за јавно здравје регистрира 468 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 289.532.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.065.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.358 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.915.369 тестирања.