Husamedin Gina
15 Март 2022•Ажурирај: 16 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 312 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 301.895, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавено е дека е починато едно лице од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица, со дијагноза „Ковид-19“ од „Мој термин“ дополнително се пријавени 4 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.155.
Институтот за јавно здравје регистрира 290 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 290.907.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.833.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.605 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања.