Husamedin Gina
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 476 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 297.738, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се уште 8 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.027.
Институтот за јавно здравје регистрира 524 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 285.280.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.431.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.781 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања.