Husamedin Gina
29 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 3 дена (од 26.08 до 28.08.2022), во земјата се регистрирани 389 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 339.881, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 2 починати лица како последица на Ковид-19.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително се регистрирани 2 починати лица, во периодот од 18.-22.08.2022 година. Досега поради коронавирусот во земјата починаа 9.477 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 698 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега оздравени изнесува 328.478.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.926.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата се направени вкупно 2.149.075 тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19.