Andelija Stojkovic
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
БЕЛГРАД - Автобус кој патуваше од Хрватска за Белград денеска се запали во близина на свиокот за белградскиот аеродром, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што изјавија за АА од Министерството за внатрешни работи на Србија, автобусот со хрватски регистарски таблици се запалил на патот Шид-Белград, а во пожарот немало повредени.
Според пишувањето на медиумите, до избивање на пожарот дошло во текот на возењето, а патниците од Осијек чекаат друг автобус со цел да го продолжат патот кон Белград.