Elvir Hociç
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
ЉУБЉАНА (АА) - Во Словенија денес се одржуваат парламентарни избори на кои се бира нов состав на Парламентот кој брои вкупно 90 пратенички места, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изборната трка учествуваат 25 политички партии, а прелиминарните резултати ќе бидат познати доцна вечерва.
Последните анкети предвидуваат победа на Словенечката демократска партија (SDS) на Јанез Јанша, што би му донело трет по ред мандат за состав на словенечката Влада.
Анкетите, на второ место ја ставаат Листата на Марјан Шарец, релативно нов политички субјект на чие чело е минатогодишниот кандидат на претседателските избори.
Аналитичарите најавуваат неизвесни избори и уште понеизвесни преговори за идната коалициска влада, со оглед дека левицата и листата на Шарец веќе категорички одбија каква било можност на коалиција со Јанша, кого го обвинуваат за радикална и антимигрантска политика според моделот на унгарскиот премиер и негов пријател Виктор Орбан.