Fatjon Cuka
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, во изјава за медиумите при објавувањето на листата на кандидатите за пратеници на Социјалистичката партија за изборите кои ќе се одржат на 18 јуни, се осврна и на кризата во Македонија и на најновите случувања во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
“Нашите соседи Македонци сакаме да ги потсетиме дека многу би сакале Албанците во Македонија, кои не се малцинство, туку државотворен народ, се еден од двата ентитета што ја формираат Македонија, да уживаат почит, слобода и 100 отсто еднакви права со Македонците”, изјави Рама.
Тој истакна дека Албанија сака една стабилна Македонија, демократски и економски развиена, додавајќи дека сакаат Македонија да биде пример за хармонија помеѓу соседите, и земја каде што ниту еден Албанец нема да се чувствува како граѓанин од втор ред. Албанскиот премиер потврди дека Алијансата на Социјалистичката партија на својата листа на пратеници има и кандидат на македонското малцинство.
“Постојаниот повик за мир, трпение и што поголема волја, и во овие тешки услови, за да не се вклучат во политички конфликт и да не се дозволи Албанците да се употребат како алиби за тој конфликт, е значајно изразување на нашата желба за Македонија да ја надмине ова криза која продолжува да ескалира, каде за жал борбата за власт ги има вклучено Албанците како алиби”, изјави мегу другото Рама.