Балкан

Протест во Скопје, граѓаните бараат решавање на проблемот со загадувањето на воздухот

„Дишењето не е хоби“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Четворица дневно умираат, чекајќи чист воздух“, беа само дел од транспарентите на протестот со кои граѓаните сакаа да укажат на проблемот со загадувањето на воздухот.

Admir Fazlagic  | 17.11.2018 - Обновена : 18.11.2018
Протест во Скопје, граѓаните бараат решавање на проблемот со загадувањето на воздухот (Foto: Admir Fazlagic/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Под мотото „Време е за чист воздух“, околу стотина граѓани кои се собраа преку иницијатива на социјалните мрежи денеска протестираа пред Инспекторатот на Град Скопје, изразувајќи го на тој начин револтот поради проблемот со загадувањето на воздухот во главниот град на Македонија, барајќи од релевантните институции соодветно да се справат со овој проблем, јавува Anadolu Agency (AA).

„Дишењето не е хоби“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Четворица дневно умираат, чекајќи чист воздух“, беа само дел од транспарентите на протестот со кои граѓаните сакаа да укажат на проблемот со загадувањето на воздухот.

Дел од присутните на денешниот протест истакнаа дека здравствено ги чувствуваат проблемите од загадувањето, и дека болниците се полни, заради што побараа власта да преземе повеќе мерки против загадувањето на воздухот.

Загадувњето на воздухот е еден од поважните проблеми, кој го истакнувааат жителите на Скопје во последните неколку години.

Граѓанските здруженија во изминатиот период одржаа неколку протести на кои бараа од релевантните институции во државата да изнајдат начин за справување со проблемот со аерозагадувањето, не само во Скопје, туку и во неколку други поголеми градови во земјата.

Протест против загадувањето на воздухот се одржа и во Куманово, каде што граѓаните од локалните власти побараа да изнајдат начин да го решат овој проблем.

Владата на Република Македонија во текот на изминатите денови најави стратешка програма со фонд од 1,5 милион евра за решавање на проблемот со загадениот воздух.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.