Admir Fazlagic
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Како и во многу градови во Турција, и во главниот град на Македонија, во Скопје, стотици граѓани се собраа да ги поддржат уставните измени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици луѓе се собраа пред џамијата Мурат Паша во Старата чаршија во Скопје, за да ја прослават победата постигната на референдумот за уставните промени во Турција.
Граѓаните со знамиња во рацетете го проследија обраќањето на премиерот на Турција Бинали Јилдирим, кој имаше свое обраќање пред седиштето на АК Партијата во Анкара.