Балкан

Пронајдени 40 мигранти на регионалниот пат Штип - Радовиш

„При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија

Admir Fazlagic  | 14.06.2019 - Обновена : 15.06.2019
Пронајдени 40 мигранти на регионалниот пат Штип - Радовиш

СКОПЈЕ (АА) - Во текот на вчерашниот ден на регионалниот пат Штип - Радовиш полициските службеници запреле товарно возило во кое биле пронајдени 40 мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).

„На 13.06.2019 година околу 14:30 часот на регионалниот пат Штип - Радовиш, на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од с. Петровец, скопско. При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Во соопштението се додава дека лицето З.П. било приведено и задржано во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.