Furkan Abdula
21 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
СКОПЈЕ
Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, пристигна во Скопје, во рамките на официјална посета на Република Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мустафа Шентоп, заедно со парламентарна делегација, на Меѓународниот аеродром Скопје беа пречекани од амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Горан Мисовски, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, политичари и претставници на турските институции и организации во земјата.
Во турската делегацијата покрај претседателот Шентоп, се наоѓаат и заменик-министер за култура и туризам Надир Алпаслан, претседателот на Меѓупарламентарната пријателска група на Турција - Северна Македонија и пратеник на АК Партијата од Бурса, Ахмет Килич; пратеникот на АК Партијата во Ќутахја, Исхак Газел; пратеничката на Републиканската народна партија (ЦХП) од Истанбул, Сибел Оздемир; пратеникот на Партијата на национално движење (МХП), Хасан Калјонџу, и пратеникот на Партијата ИЈИ, Јасин Озтурк.
Мустафа Шентоп ќе учествува на одбележувањето што ќе биде организирана по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во земјата, исто така ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.