СКОПЈЕ (АА)
- Џихад АЛИУ
Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, изјави дека знаат и дека постојано го повторуваат тоа дека активностите на терористичката организација на Фетулах (ФЕТО) во секоја земја низ светот претставуваат безбедносен ризик за таа земја.
Мустафа Шентоп, кој е во посета на Северна Македонија по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, одговори на прашањата на Агенција Анадолу (АА) и ТРТ.
Зборувајќи за значењето и местото на Балканот во надворешната политика на Турција, а особено за важноста на врските помеѓу Северна Македонија и Турција, Шентоп изјави дека се наоѓа во Северна Македонија по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик, во посета на пријателите, другарите, роднинските заедници, соседите.
Истакнувајќи дека во рамките на средбите во С. Македонија бил примен од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и имал средби со претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, и со премиерот Зоран Заев, Шентоп изјави:
„Имавме убави средби. Турција особено ја поддржува Република Северна Македонија уште од нејзиното основање. Турција е земја која е покрај неа на секое поле, и земја која го поддржува нејзиното присуство на меѓународната сцена. Турција е една од првите земји што ја призна Република Северна Македонија и со нејзиниот вистински идентитет и име. Подоцна го поддржа и членството на Република Северна Македонија во европските и атлантските институции. Членството во НАТО е таков процес. Турција повторно даде голема поддршка и за членството во Организацијата за економска соработка на Црното Море. Од тој аспект, Северна Македонија се наоѓа на простор со кој отсекогаш сме имале културни, историски и човечки односи. Односите се на извонредно ниво. Оваа посета е еден од чекорите што треба да бидат посредник во издигнувањето на односите меѓу двете земји на уште повисоко ниво на секое поле, за што особено внимание посветуваме на развојот на односите на политичко, економско и меѓупарламентарно поле.“
- „Благосостојбата и развојот на Северна Македонија е нешто што и ние го посакуваме“ -
Одговарајќи на прашањето за иднината на односите меѓу Македонија и Турција, Шентоп рече дека и двете земји имаат поставено цели од економски аспект и истакнаа дека се преземени сериозни чекори на тоа поле.
Посочувајќи дека ажурирањето на договорите за слободна трговија е меѓу темите за кои разговарал со соговорниците со кои се сретнал во рамките на посетата, со цел подобрување на односите, Шентоп ги даде следните проценки:
„Постои студија на оваа тема. Ова е нешто што ќе ги зголеми економските односи и големината на нашиот обем на трговија. Покрај тоа, компаниите на деловните луѓе со потекло од Турција тука имаат значајни инвестиции и активности. Како последно, две турски компании се наоѓаат во последната фаза од процесот во врска со дистрибуцијата на природен гас. Постојат многу важни инвестиции како оваа. И ние ги охрабруваме тие инвестиции. Просперитетот и развојот на Северна Македонија и создавањето работни места за населението на земјата е нешто што и ние го посакуваме. Турција е земја која го посакува развојот на пријателските, братските земји, особено ги поддржуваме во нивниот развој од економски аспект. Верувам дека нашите односи ќе се развијат уште повеќе на секое поле. И во разговорите со моите пријатели, и со претседателот на Парламентот и со премиерот и со претседателот на државата, постои таква желба и ја видов нивната одлучност за проширување на односите меѓу Република Северна Македонија и Турција.“
- „Со судска одлука е утврдено дека ФЕТО стои зад обидот за воен удар на 15 јули“ -
Во врска со тоа дали борбата против ФЕТО беше на дневен ред на разговорите, Шентоп истакна дека знаат дека ФЕТО е активна и во земјите од Балканот и во некои институции во Северна Македонија.
Шентоп рече дека лично и преку други претставници на власта на секој состанок веднаш по обидот за воен удар на 15 јули јасно го кажале тоа, и продолжи со зборовите:
„Турција се соочи со обид за воен удар на 15 јули. Веќе и со судска одлука е утврдено дека ФЕТО стои зад овој обид за државен удар. Турција во голема мера ја заврши борбата со оваа организација во рамките на своите граници. Но знаеме дека оваа организација, која е најголема опасност за Турција, во исто време претставува голема безбедносна опасност и за секоја земја во светот во која делува и ние тоа секогаш го кажуваме. Слични работи зборував и денес. Наведовме дека во земјите каде што оваа организација е активна, имала подготовки за државен удар, обиди за државен удар, при што повеќе или помалку, оваа организација има потенцијал што може да ѝ наштети на политичката моќ и функционирањето на политиката и Владата. Затоа, ние немаме барање за Турција. Во таа насока, како братски и пријателски земји, ѝ дадовме пријателско предупредување на Северна Македонија за нејзината безбедност. Оваа организација треба да се искорени од секое место каде што делува. Уште еднаш укажавме на важноста да им се стави крај на активностите на ФЕТО, како во сите други земји во кои делува, така и во Северна Македонија и да се отстрани од земјата.“
- „Турција како свој приоритет ги истакнува луѓето, и ѝ дава приоритет на хуманитарната помош, претставувајќи ја својата надворешно-политичка перспектива“ -
Зборувајќи за проектите и активностите за помош спроведени во регионот од страна на турските владини и невладини организации, Шентоп рече дека организациите како што се Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Институтот „Јунус Емре“, Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB) и Генералниот директорат на фондации, спроведуваат активности и даваат хуманитарна помош во регионот, особено за историските артефакти, заедничката историја и културната историја од аспект на оставеното наследство.
Нагласувајќи дека под раководство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција долго време презентира поинаков пристап кон надворешната политика, Шентоп продолжи со зборовите:
„Турција следи надворешна политика која ѝ дава приоритет на хуманитарната помош. Од тој аспект, важни се активностите на организациите што ги споменав, особено на ТИКА. Можам да видам дека насекаде се извршени големи работи од страна на организациите кои се значајни брендови во Турција. Сведоци сме на нивните многу убави дела во Северна Македонија и сведоци сме на задоволството што го создава тоа. Тоа ќе продолжи, сигурен сум во тоа.“
news_share_descriptionsubscription_contact
