Alma Dekovic
22 Октомври 2024•Ажурирај: 22 Октомври 2024
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, пристигна во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Анадолу.
Бегај беше официјално пречекан во Сараево со воени почести од претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, Жељко Комшиќ и Жељка Цвијановиќ.
Во тек е средбата на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина со претседателот на Албанија, по што е предвидена средба на делегациите на двете земји и прес-конференција.
Во рамки на посетата на Сараево, Бегај денеска ќе се сретне со членовите на колегиумот на Претставничкиот дом и Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.