Seyyid Emin
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
СКОПЈЕ
Претседателот на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), Абдулах Ерен, учествуваше како говорник на онлајн конференцијата во рамки на проектот „Младинска школа 2020 - Мост“ (КГО), јавува Агенција Анадолија (АА).
КГО се организира од страна на Здуржението за култура, уметност и образование „Мост" (Ќопру) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Балканска младинска школа“ поддрана од страна на YTB.
Покрај Ерен, на оваа онлајн конференција која се емитуваше и во живо на социјалните мрежи учестуваа координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, координаторот на YTB за Балканот, Недим Аслан, потпретседателот на Здружението „Ќопру", Мехмед Ариф, кој воедно е и координатор на проектот КГО, како и ученици и студенти.
Ерен имаше свое обраќање на тема „Рефлексиите на пандемијата на Ковид-19 во светот и хуманитарните активности на Турција“.
Тој нагласи дека од Ковид-19 се погодени лица од скоро сите земји во светот, и дека оваа пандемија променила повеќе навики, и како резултат на тоа фокусот е на онлајн состаноците.
Ерен информираше дека YTB одбележува 10 години постоење и рече дека во овие рамки се обиделе да придаваат посебна важност на балканскиот регион.
Ерен истакна дека младите од балканските земји како и младите од Турција треба да имаат повеќе меѓусебна комуникација, и дека се обиделе да организираат програми во оваа насока.
„Соработката меѓу младите од балканските земји е многу важна. Бидеќи ние имаме заедничко вкоренето минато. Вашите и нашите предци во минатото беа браќа. Затоа денес не постои некоја причина ние да не бидеме браќа“, рече Ерен.
Тој информираше дека студентите од Балканот се стипендирани од страна на YTB, поздравувајќи ја и помошта на Турција за балканските земји, и додаде: „Што се однесува до процесот во врска со Ковид-19, се надеваме дека ќе ја поддржуваме братската и пријателската земја Северна Македонија“.
Според него, балканскиот регион е многу важен за Турција.
„Северна Македонија е земја која се стабилизира. Сепак, граѓаните во Северна Македонија треба да знаат дека процесите во врска со ЕУ и НАТО се важни, но важноста на Турција за Балканот и за Северна Македонија секогаш е поголема“, истакна Ерен.
Ерен говореше и за активностите на YTB и нагласи дека Турција веќе долги години следи една политика фокусирана кон човекот.
Од друга страна, претседателот на Здружението „Ќопру", Хусрев Емин, истакна дека минатата година го реализирале отворањето на КГО поддржано од страна на YTB и дека денешната активност е втора по ред.
Емин рече дека поради Ковид-19, активностите ги организираат онлајн, упатувајќи благодарност до Ерен поради активностите на YTB во врска со Турците на балканските земји.
Во рамки на КГО, се организираа семинари, едукативни кампови, спортски активности, културни екскурзии, како и програми за читање книги.
Меѓу другото, Ерен во изминатите денови имаше и свое обраќање на онлајн програмата на Здружението „Визион М" од Скопје, организриана во рамки на Балканската младинска школа.