Abdula Berisha
13 Јуни 2023•Ажурирај: 13 Јуни 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, која престојува во официјална посета во Скопје, јавува Анадолу.
Претседателката Пирц Мусар беше пречекана со највисоки државни и воени почести, по што следуваа тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

За време на официјалната посета словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а ќе се обрати и на свечената седница во Собранието на Република Северна Македонија.