Besar Ademi
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Пред започнувањето не изборната кампања за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември, сите политички партии и коалиции во Македонија го потпишаа Кодексот со којшто ветија демократски и фер изборен процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборната кампања почнува утре и ќе продолжи до 9 ноември полноќ. На овие избори ќе учествуваат 11 политички субјекти-пет колации и 6 политички партии. Право на глас ќе имаат вкупно 1.784.524 граѓани, додека во странство ќе можат да гласаат 20.591 државјани на Македонија.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александр Чичаковски, истакна дека демократски и коректни избори придонесуваат за демократско развивање на општеството. Тој додаде дека сите учесници во изборите со нивните активности ги поставуваат темелите на демократијата и придонесуваат во изградбата на довербата во изборниот систем во земјата.
Чичаковски истакна дека учесниците во изборниот процес се обврзани да ги почитуваат сите закони, прописи и акти на Македонија којшто се релеванти за изборите, како и да го почувстуваат владеењето на законот во текот на организацијата и спроведувањето на изборите.
Кодексот го потпиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, Изет Меџити од ДУИ, Зоран Заев од СДСМ, Мендух Тачи од ДПА, Билал Касами од БЕСА, Гзим Острени од коалицијата „Алијансата за Албанците“, Ивон Величковски од Либералната партија, Стојанче Ангелов од Достоинство во името на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз за колаицијата за Реформи и права-Третиот Блок, Здравко Савески од Левица, како и Мухамед Халили од ПДП.
По потпишувањето на Кодексот, лидерите на политичките партии ги повикаа нивните членови и активисти да го почитуваат потпишаниот Кодекс за демократски и коректни избори.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, не даде изјава за медиумите, додека Изет Меџити рече: „Посакувам сите да придонесат во оваа насока и прифаќам дека одговорноста е поголема кај владејачките партии, но без да ги оставиме настрана и сите други партии којшто ќе учествуваат во изборнот процес“.
Во меѓувреме според опозициските партии овој кодекс за фер и демократски избори потпишан е и пред претходните избори, но истиот не се почитувал. Тие рекоа дека се надеваат оти овој пат потпишаниот Кодекс ќе се почитува.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изрази уверување дека овие избори ќе бидат доверливи, но истакна дека за ова ќе бидат одговорни владејачките партии.
„Единствената гаранција за една добра иднина за Македонија се коректните и демократски избори, не постои друга алтернатива“, рече тој.
Од друга страна, потпаролот на ДПА, Луан Треси, рече дека неговата партија се чувствува должна да даде максимум за едни слободни и демократски избори и дека сите настани поврзани со нивно кршење ќе ги претстави пред меѓународниот фактор.
„Ништо ново, затоа што овој Кодекс и порано е потпишуван пред изборите. Владејачките партии никогаш не го почитувале тоа што го потпишале“ рече Треси.
Касами од БЕСА истакна дека неговата партија максимално ќе се ангажира за слободни и демократски избори.
„Ги повикуваме сите гласачи, поддржувачи и симпатизери на Движењето БЕСА да го дадат својот придонес за фер и демократски избори“, апелираше тој.
Во потпишувањето на Кодексот учествуваа и претставници на дипломатскиот кор во земјата. Амбасадоротите на САД, Германија,Франција, Велика Британија, заменик-амбасадорот на ЕУ, Шефот на мисијата на ОБСЕ И ОДИХР, како и сите членови на ДИК и претставници на политичките партии учествуваа во потпишувањето на кодексот.