Alma Çekovic
09 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
САРАЕВО (АА) - Граѓаните на Сараево испратија денес 71 ковчег со посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница, кои на 11. јули ќе бидат закопани во Меморијалниот центар Поточари, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици граѓани на Сараево го исполнија денес просторот пред зградата на Претседателството на БиХ во центарот на градот, каде што пристигна колоната со посмртните остатоци на 71 жртва.

Со молитва на граѓаните на Сараево и голем број официјални претставници, предводени од членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, им одаддоа почест на жртвите меѓу кои се наоѓаат и седум малолетници.
Почест на убиените Сребреничани одсадоа и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ, премиерот на Кантонот на Сараево, Елмедин Конаковиќ, амбасадорот на Република Турција во БиХ, Хладун Коч и други официјални лица.
Меѓу оние кои дојдоа да ги испратат посмртните останки на Сребреничаните беше и Фатима Бешиќ. Таа денес во Поточари ги испрати посмртните остатоци на својот внук, кој страдаше во геноцидот во Сребреница.
„Во шумата загинал и дури сега е пронајден. Мајка му почина пред пет години, не дочека да го испрати. Во Братунац се убиени моите свекор и свекрва. Свекорот имаше 87 години, а свекрвата 75. Сѐ уште не се пронајдени”, изјави Бешиќ.
Посмртните остатоци на својот роднина дојде да ги испрати и Ибиш Хусеиновиќ од Бјелина.
„Одам да го испратам мојот роднина на последното почивалиште. Убиен е во 47. година кога преминувал од Сребреница на слободната територија. Зад себе остави сопруга, син и ќерка, кои до сега, фала му на Бога, се израснати, имаат внучиња и дојдоа да го испратат својот татко”, изјави Хусеиновиќ, во чие семејство има многу настрадани во сребреничкиот геноцид, чии посмртни останки ни по 22 години не се пронајдени.
По кратко задржување во Сараево, колоната, движејќи се полека низ градот, продолжи кон Поточари, а доаѓањето на посмртните останки во Меморијалниот центар се очекува во попладневните часови.
Камионот прекриен со знамето на БиХ утринава од Градските гробишта од Високо тргна кон Поточари, каде што на 11. јули ќе се изврши колективен погреб во Меморијалниот центар Поточари на 22. годишнина од геноцидот во Сребреница.
Меѓу 71 жртва кои оваа година ќе бидат погребани се наоѓаат и седум малолетници. Најмладата жртва што ќе бида погребана на 11. јули во Поточари има 15 години, додека најстарата жртва е родена во 1923 година.