Alma Çekovic
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
БЕЛГРАД (АА) - Поради рачна бомба поставена на пругата Белград-Бар, во близина на Препоље, попладне е запрен сообраќајот на овој дел од железничката пруга, јавуваат српските медиуми, пренесува Anadolu Agency (АА).
Радио-телевизија Србија јави дека е откриена рачна бомба на три километри од градот, во близина на мостот на реката Љупча.
Бомбата наводно била поставена покрај пругата и поврзана со жица за шините.
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека во близина на Пријепоље, покрај шините на железничката пруга Белград - Бар, пронајдена е рачна бомба, меѓутоа ги негираше наводите на домашните медиуми дека бомбата била врзана со жица за шините.
Од министерството наведуваат дека сообраќајот на оваа железничка делница е запрен и дека во тек е увидот, а се очекува и доаѓање на контрадиверзионите екипи кои ќе ја тргнат рачната бомба.
Министерството истакнува дека не постои никаква опасност по луѓето и објектите.