Zülfiya Yakup
09 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
СЕВЕРНА МИТРОВИЦА (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да стигне до селото Бање во општината Скендерај, но полицијата на Косово не дозволи да помине, во согласност со повлекувањето на дозволата за посета на ова село од страна на Владата на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Бидејќи не успеал да помине, Вучиќ, на жителите на селото Бање кои се собраа да го дочекаат, се обрати телефонски од селото Тернавц каде што беше запрен од страна на полицијата.
До откажувањето на дозволата за посета на селото Бање дојде откако ветераните на Ослободителната војска на Косово и жителите на Скендерај (Србица) го блокираа со камиони и дрва патот Митровица - Скендерај за да го спречат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги посети Србите од селото Бање во оваа општина.
На патот беа запалени и гуми. Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, на својот профил на Твитер напиша дека безбедноста на граѓаните е над сѐ и дека ја повлекол дозволата која Министерството за надворешни работи на Косово ја издаде за претседателот на Србија за посетата на зоната Дренице.
„Одлуката стапува на сила веднаш“, наведе Харадинај.
Како што е најавено, претседателот на Србија, Вучиќ, денес, на вториот ден од посетата на Косово, на Плоштадот „Шумадија“ во Северна Митровица попладне ќе одржи главен говор.