Adel Ömeragiç
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Во пресрет на гласањето во Собранието на Црна Гора за членство на Црна Гора во НАТО, кое ќе биде одржано в петок, на 28. април, Граѓанска акција денес ги повика пратениците кои ќе присуствуваат на оваа седница да не го прават тоа, бидејќи како што истакнаа, на тој начин се врши насилство на малцинството над мнозинството, јавува Anadolu Agency (AA).
На свечената седница во Цетиње, пратениците на владејачкото мнозинство и опозициската Социјалдемократска партија ќе гласаат за прифаќање на Протоколот за членство на Црна Гора во НАТО. Иако дел од опозицијата којшто се спротивставува на членството на Црна Гора во НАТО повика за ова прашање да се изјаснат граѓаните на референдум, сепак пратениците ќе одлучат дали Црна Гора ќе стане нова членка на НАТО.
Граѓанска акција денес ги повика пратениците кои имаат намера да гласаат за НАТО, да не го прават тоа.
„Тоа е насилство на еден мал број против огромно мнозинство, кое се залага таквата одлука да биде донесена на референдум. Со теророт на малцинството над мнозинството, можете да предизвикате последици од невидени размери“, рече Божидар Вујичиќ, претставник на Граѓанска акција.
Пратеникот на Социјалистичката народна партија, Александар Дамјановиќ, рече дека во Црна Гора е спорен легитимитетот на пратениците, кои благодарение на изборниот систем на Црна Гора, не се избрани директно.
Повикуваме во однос на ова прашање, за пристапувањето во НАТО, да се изјаснат граѓаните. Право на граѓаните е за ова прашање да се изјаснат референдум“, рече Дамјановиќ.
Собраниските одбори за законодавство и за меѓународни односи и иселеници утре и в четврток ќе се изјаснат за Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, по што в петок, на пленум ќе се изјаснат и пратениците. За потврдување на ваквата одлука, доволно е само просто мнозинство на присутните пратеници.