Magda Panoutsopoulou
01 Декември 2024•Ажурирај: 02 Декември 2024
АТИНА (АА) - Грчките власти ја одржаа церемонијата на отворање на првата линија на солунското метро, проект чија реализација траеше речиси 20 години и чинеше речиси 3 милијарди евра, известува Анадолу.
Долгоочекуваната метро станица во Солун, втор по големина град во Грција, беше отворена во саботата.
„Ове е најмодерното метро во Европа, како што го заслужува Солун“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на церемонијата на која присуствуваа неколку министри и претседателката Катерина Сакеларопулу.
Мицотакис рече дека имало и такви кои до последен момент се сомневале дека овој проект ќе биде завршен.
Линијата се протега на 9,6 километри и вклучува два независни тунели со еден колосек, 13 станици и времетраење на патувањето од 17 минути.
Модернизиран со целосно климатизирани возови без возачи, се проценува дека ќе опслужува 250.000 патници дневно.
Метрото, кое беше замисла на поранешниот градоначалник Сотирис Кувелас, помина низ неколку фази на тендери, технички проценки и доцнења, до неговот завршување во 2024 година.
Изградбата започна во 2006 година, под владата на Костас Караманлис.
Истата година, изградбата беше прекината поради археолошки откритија - пазар од византиската ера и римски гробишта кои ја откриваат древната историја на градот.
Во подоцнежната фаза, Централниот археолошки совет се согласи да ги одвои антиквитетите и да ги врати на една од станиците.