Zülfiya Yakup
13 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Словенија Борут Пахор, на свечената седница на Собранието на Косово свикана во негова чест, изјави дека во Косово дошол како пријател по повод прославата на 10. годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, и истакна дека Косово и Словенија имале право на самоопределување, јавува Anadolu Agency (AA).
Пахор наведе дека создавањето на државите Словенија и Косово е оправдано со тоа што ќе бидат демократски водени со владеењето на правото и со почитувањето на достоинството и човековите права на сите, вклучувајќи ги и правата на малцинствата.
„Дојдов во Косово како пријател на Албанците и Србите и на сите други народи што живеат денес во Косово. Си давам себеси слобода да кажам дека почитувањето на внатрешната и надворешната политика е од исклучително значење за развојот на Косово, за зачувување и заштита на законските права и за зајакнување на оние права што им припаѓаат на немнозинските заедници“, рече Пахор.
Тој истакна дека со голема почит Словенија ги поддржува напорите на официјална Приштина и Белград за решавање на сите отворени прашања на постепен начин ги реши сите отворени прашања по пат на билатерални преговори, кои ги поддржува Европската Унија.
„Како ваш пријател, си давам за право да се обидам да ве убедам да продолжите интензивно да останете во билатералните преговори и целосно да ги почитувате договорите. Ова е многу важно, не само за решавање на проблемите меѓу двете соседни земји, Косово и Србија, туку и поради создавање на добра политичка атмосфера во целиот регион“, рече Пахор.
Словенечкиот претседател исто така нагласи дека генерално ја поддржува Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан, но изјави и дека отворените прашања околу границите меѓу земјите во регионот мора да се решат пред тие да станат дел од Европската Унија. Во тој контекст тој изјави дека ги охрабрува косовските официјални претставници да го решат прашањето за демаркација на границата со Црна Гора, со ветување дека Словенија секогаш ќе го поддржува Косово.
Тој порача дека сите држави треба да бидат одговорни за исполнување на своите обврски и дека сите се одговорни за создавање добри односи во регионот.
Вчера, Борут Пахор се состана со косовскиот претседател Хашим Тачи по неговото пристигнување во дводневна посета на Косово, додека денес ќе се сретне и со премиерот Рамуш Харадинај.