Agim Sulaj
15 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) започна со објавување на прелиминарните резултати за предвремените парламентарни избори во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на официјалната интернет страница на ЦИК, околу 50 отсто од гласовите се преброени, а движењето Самоопределување има освоено најголем број на гласови, односно 47,91 отсто.
По движењето Самоопределување, следуваат Демократската партија на Косово (ПДК) која освои 18,49 отсто од гласовите и Демократската лига на Косово (ЛДК) која освоила 13,58 отсто од гласовите.
Алијансата за иднина на Косово (ААК) се наоѓа на четврто место со освојување на 8,19 отсто од гласовите.
Според досегашните резултати, другите партии не успеале да го поминат изборниот праг за да влезат во Парламентот на Косово.
Што се однесува до заедниците кои не се мнозинство, Српската листа освои 3,78 отсто од гласовите.