Andelija Stojkovic
19 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
БЕЛГРАД (AA) - Автопатот низ Грделичка клисура на јужниот крак од Коридорот 10 е отворен за сообраќај, а свеченоста е приредена во Владичин Хан, кај вијадуктот Врла, јавува Anadolu Agency (AA).
Со отворањето на автопатот низ Грделичката клисура завршен е јужниот крак од Коридорот 10, кој се простира од северната граница на Србја со Унгарија до крајниот југ и границата со Северна Македонија. Коридорот 10 се протега од Салзбург до Солун во Грција.
Коридорот поминува низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Грција. Делницата преку Грделичката клисура последна е завршена на јужниот крак од тој Коридор.
На тој автопат е и најдолгиот тунел преку Србија од околу три киолметри „Мајајле".
Изгадбата на делницата на Коридорот 10 преку Грделица финансирана е во најголем дел со кредитите од Европската инвестициска банка и Светската банка.
Шефот на Делегацијата на Европската унија (ЕУ), Сем Фабрици рече дека целта на ЕУ е поврзување на луѓето и олеснување на трговијата, а дека тој автопат е важен за регионот и за сите кои одат на годишен одмор.
„Патиштата секогаш ги водат луѓето кон целта, овој пат ја водат Србија кон Европската унија", рече Сем Фабрици, шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија.
Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев на свеченоста рече дека тој пат е важен за цела Северна Македонија, Србија и регионот, како и дека се радува на успешните потфати на сите соседи.
„Коридорот 10 сега е вистинска европска вредност на поврзување и комуникации. Заедно со претседателот Вучиќ го почнавме проектот 'one stop shope', со што воведуваме шенгенски механизми меѓу нашите две земји. Денес имаме можност уште еднаш да го потврдиме големото пријателство кое ќе расте во иднината", рече Заев.
Тој рече дека со патот преку Грделица е направен пат од границите на ЕУ, од Унгарија до Грција и дека сега од Белград до Северна Македонија ќе се патува за 3,5 саати.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека Србија денес го има најубавиот автопат кој Европа го има.
„Нема поубава и погорда земја од нашата Србија. Нема народ кој може да рече дека толку успеал да изгради и да ја смени земјата, како ние", рече Вучиќ на свеченоста.
Тој упати благодарност до ЕУ на поддршката, а на граѓаните им се заблагодари што верувале во себе и во својата иднина.
Вучиќ рече дека сето тоа се работело со цел да се зголеми вработеноста, да се поврзува Србија и да се донесат нови инвеститори.
Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина (Бих) Милорад Додик рече дека патот преку Грделица е голем, децениски потфат, нешто што го чекала Србија и српскиот народ и нешто што останува на генерациите.
Кај мостот „Врла" е пуштен огномет, како и културно-уметничка програма.