Zylfije Adem Jakupi
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа на Косово 15 пациенти починаа од последици на заразеност со Ковид-19 и потврдени се 775 нови случаи на зараза со коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Националниот институт за јавно здравје на Косово информираат дека во последните 24 часа тестирани се 1.903 случаи сомнителни на коронавирус, од кои 775 се позитивни.
Оздравеа уште 553 пациенти, па вкупниот број на оздравени се зголеми на 22.690.
Од почетокот на епидемијата во Косово тестирани се вкупно 137.872 лица, од кои 37.028 биле позитивни. Вкупниот број на смртни случаи во Косово предизвикани од заразеност со коронавирусот изнесува 963.
Во моментов во земјата активни се 13.375 случаи на зараза со Ковид-19.