Agim Sulaj
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа уште 9 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 410, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 129 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 11.545.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 449 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 44.433 тестирања.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 7.343 лица. Моментално има 3.792 активни случаи.