Agim Sulaj
22 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа 9 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 457, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани 169 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 12.337.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 455 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 46.907 тестирања.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 8.346 лица. Моментално има 3.534 активни случаи.