Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 892 лицa, во Индија 912, а во Мексико 644, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 892 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 114.250 лицa.
Во Бразил се дијагностицирани 50.032 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.582.362.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.709.638.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во последните 24 часа во земјата починале уште 912 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 56.706.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 3.044.940.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 2.280.566 лица, претходно заразени со коронавирусот.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 644 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 60.254.
Во Мексико се откриени 6.482 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 556.216.
Досега во Мексико оздравеа 380.492 лица, претходно заразени со Ковид-19.