Agim Sulaj
30 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа 8 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 516, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 119 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 13.334.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 460 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 50.683 тестирањe.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 9.473 лица. Моментално има 3.345 активни случаи.