Agim Sulaj
24 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа 13 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 480, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 99 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 12.547.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 406 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 47.761 тестирањe.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 8.657 лица. Моментално има 3.410 активни случаи.