Admir Fazlagic
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
СКОПЈЕ
Предвремемените парламентарни избори во Република Северна Македонија генерално беа спроведени ефективно и покрај прилагодувањата како одговор на пандемијата со Ковид-19, меѓутоа правната стабилност беше нарушена со суштински ревизии на Изборниот законик и последователна ad hoc регулатива донесена за време на вонредната состојба, стои во прелиминарната оценка за изборите на меѓународниот набљудувачки тим на ОБСЕ/ОДИХР, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите Лаима Андрикиене денеска во Скопје одржа прес-конференција на која говореше за прелиминарната оценка за предвремените парламентани избори во Република Северна Македонија одржани на 15 јули.
„Резимирано, изборите генерално беа спроведени ефективно и покрај прилагодувањата како одговор на пандемијата со Ковид-19, меѓутоа правната стабилност беше нарушена со суштински ревизии на Изборниот законик и последователна ad hoc регулатива донесена за време на вонредната состојба. Кампањата, иако со негативен тон, беше вистински конкуретна и учесниците беа во можност да ги пренесат своите пораки и покрај ограничувањата на вообичаената комуникација", рече Андрикиене.
Според прелиминарната оценка за изборите на ОБСЕ/ОДИХР денот на изборите се одвиваше непречено и покрај техничките предизвици во објавувањето на резултатите и забелешките во врска со регистрацијата на гласачи.
Андрикиене додаде дека изборите беа спроведени според законска рамка која беше суштински измената пред самото нивно распишување, спротивно на меѓународните добри практики.
На прашањето да го искоментира вчерашниот пад на системот на Државната изборна комисија (ДИК), Андрикиене одговори дека тоа е многу важно прашање, тие ги следат настаните, свесни за техничките потешкотии и ќе продолжат да ја следат ситуацијата.
Во врска со избичакиот список и регистрацијата на гласачите, Андрикиене истакна дека тоа е една од темите кои што ги набљудуваат и вклучена е и во нивната прелиминарна изјава, а тоа е дека „1,8 милиони гласачи се чинат многу."
Како што информираше Анддрикиене Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе остане да го следи развојот на настаните по денот на изборите по однос на поплаките и жалбите од страна на политиките партии и ќе остане во земјава согласно мандатот што истекува на 23 јули.
Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија вчера соошти дека се обработени 93,96 отсто од податоците во избирачките места на целата територија на Република Севена Македонија и според овие податоци коалицијата „Можеме" предводена од владејачкиот Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ) доби 36,13 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори. Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и други добила 34,65 отсто од гласовите, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 11,57 отсто од гласовите, Алијанса за Албанците и Алтернатива 8,79 отсто од гласовите, политичката партија Левица 3,96 отсто од гласовите, Демократската партија на Албанците (ДПА) 1,48 отсто од гласовите, партијата Интегра 1,33 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.