СКОПЈЕ / АТИНА (АА) - Преговорите и билатералните средби, кои се интензивираа во последно време, околу спорот за името којшто трае речиси 25 години меѓу Грција и Македонија, покажуваат дека се зголемуваат очекувањата за решение.
Тоа што Македонија не може да стане членка на Европската Унија (ЕУ) и НАТО поради спорот за името со својот јужен сосед Грција, кој трае од прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 година, претставува голем проблем за перспективите на земјата. Македонската влада преку решавање на спорот со името има за цел да ја отстрани оваа пречка.
Грција е на преговарачка маса поради притисоците од ЕУ и НАТО, кои имаат за цел проширување и зголемување на нивното влијание на Балканот, и поради намерата (на Грција) за развивање на односите во регионот со решавање на спорот за името.

Изјавата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, кој вели дека „постои прозорец на можности за решавање на спорот со Македонија“, како и изјавата на македонскиот премиер, Зоран Заев, околу можноста за постигнување решение во првата поливина на 2018 година, укажуваат на позитивната атмосфера околу овој спор.
Во рамките на зачестените билатерални средби, вицепремиерот на Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, при посетата на Грција рече дека 2018 година ќе биде историска година за односите меѓу двете земји, и нагласи дека втората половина на оваа година ќе биде клучна во решавањете на ова прашање.
- Изворот на спорот со името -
Голем број земји, пред сѐ Турција, ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име, додека Грција бара да се смени името на државата под изговор дека во рамките на територијата на Грција постои регион со истото име „Македонија“.
Меѓународното признавање на Македонија беше дефинирано во април 1993 година, кога едногласно во Генералното собрание на ОН беше прифатено нејзиното членство во Организацијата на Обединетите нации (ООН). Меѓутоа, поради приговорот на јужниот сосед Грција, Македонија беше прифатена со привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ (FYROM)“.
- Грција го спречи членството на Македонија во ЕУ и НАТО -
Македонија во 2004 година аплицираше за членство во ЕУ, во 2005 година го доби статусот земја-кандидат, додека во 2009 година Европскиот парламент даде препорака за започнување на преговорите. Сепак, патувањето на Македонија кон членството во ЕУ со години не напредува поради овој спор.
Од друга страна, како што беше и во претходните влади, така и во програмата на партијата која дојде на власт во јуни - Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), се наоѓа посветеноста на оваа земја за интеграција во ЕУ и НАТО.
Меѓутоа, спорот за името со Грција сѐ уште е најголемата пречка пред Македонија на овој пат.
СДСМ, која дојде на власт со реформаторска програма, го направи првиот чекор во овој процес само две недели по формирањето на Владата, откако министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров, во јуни 2017 година ја посети Грција.
- „Република Нова Македонија“ -
За решавање на спорот, кој трае повеќе години, беа предложени неколку имиња, од кои некои беа одбиени од страна на Македонија, а некои од грчката страна.
Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Славо-Македонија и Македонија (Скопје) се неколкуте алтернативи за кои се дискутираше, но ниту една не беше прифатена.
Страните не коментираат околу последните преговори, додека медиумите наведуваат дека во преговорите се разговара за името „Република Нова Македонија“.
Од друга страна, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, изјави дека ќе предложат име со кое Македонија ќе се разликува од истоимениот регион во Грција, и кое ќе содржи географска карактеризација.
Владата на Македонија планира спорот со името да го стави на референдум, за што ќе одлучуваат граѓаните, додека Грција тоа ќе го усвои во Парламентот.
- Можност од несогласувања во грчката влада -
Грција ја користи кратенката од англискиот јазик FYROM, или „Skopya“, што значи Скопје на грчки јазик. Реакциите на националистичките и десничарските сегменти во Грција предизвикаа коментари дека решавањето на спорот ќе ја стави грчката влада во тешка состојба од политички аспект.
Можноста за внатрешно несогласување во грчката влада составена од СИРИЗА, под водство на премиерот Алексис Ципрас, и коалицискиот партнер „Независни Грци“ (ANEL), ги зголемува проблемите во врска со решавањето на спорот.
Се тврди дека Ципрас постигнал таен договорт со АНЕЛ во врска со политиката која ќе се спроведува околу несогласувањата за името, а од друга страна се вели дека гласањето во грчката влада за решение во која ќе биде вклучен изразот Македонија, ќе биде тежок.
Се истакнива дека владата ќе биде задолжена да ја убеди главната опозициска партија Нова Демократија, и другите опозициски партии, како и пратениците од СИРИЗА и АНЕЛ кои соопштија дека нема да гласат за ниту еден договор во кој е вклучен изразот Македонија.