Bakir Tiro
20 Јули 2023•Ажурирај: 21 Јули 2023
ЉУБЉАНА (АА) - Во невремето што вчера во попладневните часови ја зафати Словенија животот го загуби едно лице, пренесува Анадолу.
Бурата што го зафати Блед собори дрво што паднало врз една жена и ја усмртило, а еден маж е потешко повреден, информираа словенечките медиуми.
Бурата околу 16:00 часот вчера го зафати и Загреб, главниот град на Хрватска, и беше причина за смртта на две лица.
Силен ветар придружен со дожд и град продолжи да се движи по долината на Сава, односно во северниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ), предизвикувајќи значителна материјална штета, а има и неколкумина повредени.